Хромак
Куманово

Hromak logo

Т.Д. Хромак, со седиште во Куманово, се занимава со трговија на големо со бои и лакови на целата територија на Р.Македонија.

Нашата определба за разнолик и обемен асортиман, професионална поддршка и дистрибуција до нашите коминтенти, не  прави препознатливи на пазарот и синоним за успешно работење.

Нашето работење започнува во далечната 1988 година со две приватни малопродажни места во нашиот град ”Манас” бои и лакови.

Со проширување на услугите и кон други градови во нашата држава и трговија на големо,дојде до формирање на Т.Д. Хромак.

Денес нашето работење е организирано во три сегмента: бои и лакови за широка потрошувачка, програма за автомобили (авто рефинеш) и програма на класичен паркет. Во нашата фирма особено внимание се посветува на изборот на партнери добавувачи.

Сите произведувачи на бои, лакови и паркет како наши добавувачи, се грижливо одберени. Независно од тоа на кој сегмент на производство му припаѓаат, партнерите на нашата фирма се лидери на Балканот, во Европа и пошироко и како такви претставуваат препознатлив бренд.

Т.Д "Хромак" е приватна семејна фирма зад која стои долгогодишна традиција и реноме. Високите критериуми на работење кои ги воспоставивме се засноваат на претпоставката дека секогаш може подобро и повеќе и се комплетно  во функција на нашите сегашни и идни купувачи. 

 

Благодарни сме за довербата која ни ја укажувате.