Делукс Ауто Куманово

Deluks logo

Делукс Ауто Кумново е овластен дистрибутер на возилата од гамата на SKODA, VOLKSWAGEN, VOLKSWAGEN комерцијални возила и SEAT. Како дел од дистрибутерската мрежа на ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА, ДЕЛУКС АУТО започнува со работа на 27.09.2007 год кога се занимава со трговија на возила исклучиво од гамата на SKODA. По енормниот успех постигнат за кратко време, ДЕЛУКС АУТО наскоро започнува и со продажба на возилата од гамата на VOLKSWAGEN.

Како резултат на успешната работа и желба за целокупно задоволство на клиентите во поглед на купување и сервисирање на нивните возила, точно по две горини од неговиот старт, на 24.09.2009 год во употреба е пуштен новиот Сервисно-продажен центар ДЕЛУКС АУТО изграден според современите норми и стандарди на SKODA, кој важи за една од најубавите и најфункционалните центри во Куманово. Благодарение на успешната работа и задоволство на клиентите што се опслужуваат се појави потреба од зголемен работен простот. Резлутат е новиот VW/SEAT Сервисно-Продажен центар на Делукс Ауто изграден според најновиот концепт на VOLKSWAGEN каде што покрај трговија на возилата од гамата на VW и SEAT, се врши и сервисирање и каросериски поправки на возилата.

Освен ова Делукс Ауто Кумново се занимава и со изградба на семејни згради и деловни простории, а за квалитетот говори веќе изградената семејна зграда на бул. Октомвриска Револуција (кај Мај Маркет), со 34 станови и 3 деловни простории.

Делукс Ауто Кумново има мисија да нуди решенија кои целосно ги задоволуваат потребите на клиентите, нудејќи комплетен сервис на услугите! Еко иновации и имплементирање на најнови технологии, како што е гасификацијата, енергетската ефикстност, примена на високи стандарди за квалитет и заштита на животната средина, го прави Делукс Ауто Кумново синоним за квалитет во градежништвото!