Piano Prestige

 

15

 

 

Вградуваме европски стандарди за квалитет

Квалитетен асеизмички конструктивен систем од армирано - бетонски столбови, греди и плочи со вградена марка бетон МБ30-40;

• Темелна армирана бетонска плоча со дебелина од 120цм за зголемена стабилност;

• Врвна асеизмичка стабилност на објектите која ќе ја докажеме преку тест „Вештачки земјотрес“ со 5.5 степени според Европска макросеизмичка скала во соработка со ИЗЗИС;

• Термо фасада со дебелина на стиропор Д = 8цм. Според стручната „Студија за топлинска заштита, пародифузија и топлинска стабилност на градежните конструкции и енергетски карактеристики“ на новите станбено-деловни објекти, тие се нискоенергетски од класа А и далеку ги надминуваат барањата за новиот Правилник за енергетски карактеристики на згради во Македонија;

• Внатрешни преградни ѕидови од 15цм со керамички блок и малтер и сендвич ѕид и керамички блокови со термозвучна изолација од 25цм меѓу становите и заедничките простории;

• Фасадна столарија - ПВЦ профили петкоморни со три дихтунга. Застаклување со трослојно термопан стакло - четирисезонско стакло;

• Електрична брава за влез, против пожарен систем, автоматско осветлување на влез и ходници;

• Непречена комуникација од паркингот до поткровјето преку два патнички лифта и еден товарен лифт со безбедносен систем за нивелација до последното ниво, во случај на прекин на ел. енергија;

• Блиндор влезни врати во станови со сигурносна брава, со заклучување по хоризонтална и вертикална оска, собни медијапански врати;

• Подови - керамички плочки и храстов паркет;

• Санитарии - I класа;

• Модерен подземен паркинг простор со автоматска гаражна врата со далечинско управување, со вентилационен систем за отстранување на штетни издувни гасови;

• Кровна изолација - покривна плоча од 15цм со термичка изолација, хидроизолација паропропусен - водонепропусен слој за здрава средина во станбениот простор.

• Пристап и комуникација низ објектот за лица со посебни потреби и за сите станари, со пристапна рампа со мал наклон;

• Водоводна инсталација со ниска и висока зона, која ја исклучува можноста за намален и недоволен притисок и доток на вода во становите на повисоките катови;

 

• Централно парно греење

• Сопствен соларен систем

• Иновативен подземен паркинг

• Атрактивна локација

• Можност за поволно банкарско кредитирање (преку сите банки)

• Симулација на „Вештачки земјотрес“ (за докажување на асеизмичката стабилност)

• 24 часовно одржување на хигиена (само за заеднички простории)

• Имотен лист за секој стан (сопственички лист за предбележување кој по завршување на градбата ќе биде имотен лист)

 

* Со секој стан е вклучено:

• Комплетен систем за парно греење

 

• 3д проект за внатрешно уредување на станот

 

  • 1