Prestige Plus

  

 

 

 

 

 

 

 

СТАБИЛНОСТ

• Квалитетен асеизмички конструктивен систем од армирано - бетонски столбови, греди и плочи со вградена марка бетон МБ30-40;

• Темелна армирана бетонска плоча со дебелина од d=120cm;

• Проект за статика (стабилност) одобрен од ИЗЗИС;

 

ТЕРМИЧКА И ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА

• Надворешни ѕидови изградени од термички блок со дебелина d=25cm;

• Внатрешни преградни ѕидови помеѓу стамбените единици и сите заеднички простории изградени од керамички блокови со дебелина d=30cm;

• Внатрешни ѕидови, тип "сендвич" (керамички блок и малтер) за преградувања во стамбените единици со дебелина d=15cm;

• Термофасаден систем со дебелина на стиропор 10cm и акрилен завршен малтер Maxima со 10 години гаранција;

• ПВЦ столарија изработена од термоизолиран профил со 7 компри, гумени опшивки за велосно и меко затварање, термопан, трислојно. четирисезонско стакло исполнето со аргон;

 

ХИДРОИЗОЛАЦИЈА

• Обезбедена 100% заштита од влага;

• Покривна плоча со одлична термичка и хидроизолација постигната со поставување на парапропусен и водонепропусен слој, исклучително важни за здраво живеење;

 

ПОДОВИ

• За обложување на подните површини во влезниот хол на станбената единица, кујна и балкон водејќи сметка за функционалност и одржување на истите се изберени гранитни плочки во нежна, пастелна боја;

• Дрвен под во вид на повеќеслоен дабов паркет, идеално вклопен со гранитните плочки е предвиден за сите останати подни површини;

 

БАЊА

• При избор на материјали за опремување на бањите се следени најновите трендови во дизајн и квалитет на плочки и санитарна опрема;

 

ВНАТРЕШНА СТОЛАРИЈА

• Современ и сигурен систем на греење со гас како еколошки и економски најприфатлив топлински енергент. Комплетна инсталација за спроведување на гасот со обезбедени грејни радијатори во секоја просторија на станбените единици и автоматска регулација на температура;

• Обезбедена топла вода во кујна и бања 24h;

• Подготовка за инсталација на клима уред;

 

ПАРКИНГ

• Иновативен подземен паркинг со пристап од предна и задна страна на објектот, обезбеден со автоматска врата со далечинско управување;

• Вграден ефикасен вентилационен систем и ППЗ заштита;

• Современо партерно уредување со ограничен број на паркинг места;

 

КОМУНИКАЦИЈА

• Обезбеден пристап во објектот за лица со посебни потреби со пристапна рампа со мал наклон;

• Електричен патнички и товарен лифт изработен по најнова технологија со капацитет и брзина за лесен и брз пристап до Вашиот дом. Поврзувањето со лифт е непречено од подземниот паркинг до поткровје;

• Интерфонија поврзана со електрична брава за влез;

 

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

• Инсталација за телевизија и оптички интернет;

• Вграден агрегат за електрично напојување;

• Противпожарен систем;

• Автоматско осветлување на влез и заеднички ходници;